Намалено нивото на реките и езерата во рамки на јануарскиот просек

Водостоите на реките во земјава се под просекот за месец јануари, пожуваат денешните хидролошки мерења.

Потпросечни се нивоата на Вардар кај Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка, на Црна Река кај Новаци, на Црни Дрим кај Ложани, на Пчиња кај Пелинце и Катлановска бања, на Брегалница кај Штип, на Струмица кај Ново село и на Сатеска кај Ботун.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се речиси идентични со просекот за јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e