На Табановце уапсен Грк со фалсификат сообраќајна дозвола

На Граничниот премин Табановце, на влез во Република Северна Македонија вчера во 11.30 часот при контрола на патничко возило „форд“, со германски национални ознаки, управувано од К.К. (60), државјанин на Република Грција, било констатирано дека сообраќајната дозвола за возилото била фалсификувана, односно било извршено бришење на податоци.

К.К. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e