На Осоговските планини ќе се гради еден од најголемите и најмодерните ски центри на Балканот

Во срцето на Осоговските планини, на надморска височина од 2085 м, токму на Царев Врв, ќе се гради еден од најголемите и најмодерните ски центри на Балканот, значаен капитален проект за уште поголем развој на североистокот.
Оваа вест денска ја сподели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

408166076_889650952528742_5218150739953258190_n
-Денеска во Центарот за развој на Источниот плански регион го доставив Известувањето за користење на средства од Програмата за рурален развој за 2023 година, со кои обезбедуваме 6 милиони денари за ажурирање на предфизибилити студијата. Ова е првиот чекор кон реализација на мастер планот за изградба на овој центар, информираше Николовски.
Реализацијата на овој стратешки проект предвидува:
-59 ски стази во должина од 59 км,
-9 жичари,
-3 ски лифта,
-сместувачки капацитети од 5.600 кревети и придружни објекти со површина од 8.000 м2, што го прават овој ски центар еден пд петте најдобри ски центри на Балканот.

408121370_889650929195411_3001804021816134414_n
-Нашата желба и посветеност за реализација на овој голем капитален проект е и мое ветување пред граѓаните, при што уште во 2021 година обезбедивме 20 милиони денари, за Центарот за развој на Источниот плански регион, наменети за подготовка на планска документација, но поради енергетската криза парите беа пренаменети за поддршка на граѓаните. Иако активностите се одложија, нашата желба и посветност за овој проект продожи и понатаму, вели Николовски.
Не застануваме, вложуваме во секое населено место, и како никогаш досега го развиваме македонскиот исток, порача ресорниот министер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e