На 41 година од ковид-19 почина поранешниот началник на СВР Велес- Ангеловски

Поранешниот началник на СВР Велес, велешанецот Игор Ангеловски почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последица на ковид-19. Ангеловски беше хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница на 7 октомври, пишуваат велешките медиуми.

Откако состојбата му се влошува, една недела подоцна тој е транспортиран на Инфективната клиника во Скопје, каде што синоќа починал. Претходно, неколку дена бил прикачен на респираторна машина.

Тој е најмладата жртва на коронавирусот во Велес. Имаше 41 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e