МВР со детали за сообраќајката кај Кавадарци – две млади момчиња се повредени

Денеска (28.02.2024) во 06.48 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, во близина на село Манастирец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патичко возило „фиат пунто“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.К.(53) од Росоман и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(23) од Росоман. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.К. и С.П.(21) од Росоман, сопатник во возилото „пежо“, додека со телесни повреди се здобил возачот И.Д., констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e