Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Тетово

На локалниот пат с.Палатица – Желино синоќа во 23.00 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(23) и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(33), двајцата од тетовското село Палатица.

По незгодата, соопштија денеска од МВР, мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e