Младо момче се удави во Олимпискиот базен во Битола

Момче на 22-годишна возраст од Шпанија вчера се удави на отворениот Олимписки базен во Битола, пренесува ТВ Телма.

Несреќата се случила околу 17 часот, а безуспешни биле обидите на лекарите од Итната помош за негова реанимација, по што е констатирана смрт кај младиот шпански државјанин кој престојувал во Битола.

На местото на несреќата има полиција, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, од која се очекува да бидат прецизирани причините и околностите за овој трагичен настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e