Младите од регионот ги претставија зелените решенија, се дружеа и уживаа во музика

Europe House Крива Паланка го прифати предизвикот на Шведската амбасада во Скопје и се приклучи на иницијативата за создавање помалку отпад, реупотреба и рециклажа преку потрага по нови практики за управување на отпадот, одржливи иницијативи и зелени решенија на Sustainable Waste: Boot Camp 5.0.

409655995_329727309817361_6891891391368464333_n
Од вкупно 7 тима со иновативни решенија, стручното жири не успеа да се одлучи за еден победник па одлучи да награди два тима.
Тимот Кратерки од Кратово составен од Мери Стаменовска и Ивона Иванова под менторство на Младен Мицевски претстави метод на кроење и плетење со кој текстилниот отпад го претвора во нови модни парчиња и додатоци, при што отвара и нови работни места за лицата со попреченост.

409659221_329727633150662_1422177865473346020_n
Тимот Зелена иднина од Куманово и Липково составен од Емилија Јакимовска, Еркан Ајдини и Абдула Реџепи под менторство на Аделина Белули, отпадот од ПВЦ пластика целат да го трансформираат во гранули кои потоа на пазарот можат да ги продаваат како такви или во форма на потрошен материјал за компаниите кои произведуваат врати и прозорци. Со ова го затвораат кругот на креатори на отпад и корисници на производи од истиот.

409669858_329727189817373_54433586498567688_n– Благодарност до обучувачите, стручното жири, менторите и тимовите и честитки до победниците!- упатија организаторите на настанот.

Младите учесници имаа можност да уживаат и во музичкиот перформанс на младата пијанистка од Крива Паланка Ева Николова, под менторство на професорката Лариса Жулина Митовски.

94ebe113-325b-4971-9a37-aacc206624eb

409688464_329727143150711_2126277831337099530_n eva

Како изгледаше овој оригинален настан кој се одржа во Europe House Крива Паланка погледнете во продолжение:

409664644_329727519817340_6542775231223711923_n 409669513_329727219817370_6499220493694298065_n 409673217_329727606483998_8783917607802752649_n 409675497_329727206484038_1892787384906890877_n 409679108_329727273150698_2611508785417591886_n 410389761_329727173150708_7760138777217284554_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e