Млад кумановчанец загина во тешка сообраќајна несреќа во Куманово

На 13.01.2022 околу 02.36 часот, на ул.„Тоде Думба“ во Куманово, патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, во кое се превезувале П.П.(26) и Н.С.(29), двајцата од Куманово, удрило во ограда и во паркирано возило.

На местото на несреќата починал П.П., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Н.С. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e