Митовски: За урбан лик на градот, потпишан договор за доуредување на коритото на Крива Река

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски соопшти дека е потпишан договор за инвестирање 4.597.309 денари за доуредување на коритото на Крива Река.

„За урбан лик на градот, потпишан договор за инвестирање 4.597.309 денари за доуредување на коритото на Крива Река, од спортскиот комплекс во градот кон вливот на Бабин Дол во Крива Река.
Денес во Министерството за животна средина и просторно планирање го потпишавме договорот со министерот Насер Нуредини за проектот “Регулација на минор коритото на Крива Река”, посочи Митовски.

Митовски истакна дека проектот се финансира со средства од Програмата за управување со води 2022 на министерството, а рокот за реализација е 25 декември 2022 година.

„За нашата општина, подобро место за живеење за сите граѓани“, нагласи Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e