Митовски: Треба да се понуди бесплатен паркинг, ние треба да се соочиме со храбри одлуки

Паркинг просторот е клучен приоритет, тука треба да знаеме дека се потребни храбри одлуки, но ние се соочуваме со предизвици, па и со овој проблем машки ќе се спротивставиме, истакна Сашко Митовски, кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдобро за мојата општина“ во Студио 10 на ТВ24.

„Се градеше интензивно овие 4 години. За тоа кој што сработел, ќе кажат граѓаните во недела. Рангелов, како советник гласаше за поставување на чунови на главната улица. Луѓето на овие избори можат да препознаат што се е направено овие 4 години, а што претходниците имаа 11 години да го направат. Не слушнав од противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ што тие планираат да направат за да го решат сообраќајниот хаос. Треба да се направи сообраќајно решение, колку главната улица може да го издржи метежот. Треба да се понуди бесплатен паркинг, ние треба да се соочиме со храбри одлуки“, потенцираше Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e