Митовски: Потпишавме договор за изградба на дополнителна линија од канализациона мрежа за отпадни води во с. Мождивњак

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски соопшти дека утрово е потпишан договор за изградба на дополнителна линија од канализациона мрежа за отпадни води во село Мождивњак.

Утрово потпишавме уште еден значаен договор со Министерство за животна средина и просторно планирање од програмата во областа на животна средина за 2022 година, истакна Митовски.

„Договор со кој обезбедуваме финасиски средства во висина од 2.405.908 денари за изградба на дополнителна линија од канализациона мрежа за отпадни води во село Мождивњак“, посочи Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e