Митовски кон граѓаните: За само 2 дена доаѓа најдоброто за Крива Паланка, Вашата голема поддршка е доказ за тоа

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски нагласи дека за само 2 дена доаѓа најдоброто за нашата Крива Паланка.

Тоа го знаат сите, бидејќи Вашата голема поддршка е доказ за тоа, посочи Митовски.

„Тоа го знае секој сокак, секоја агол од секое маало и секоја населба во општината, зашто ние ја носиме најдобрата понуда за општината и ќе ја спроведеме на дело уште од понеделник.
Во оваа трка за татко на градот влегов со чиста и искрена мисла. Со јасна цел – не да владеам, туку да му служам на народот. Човек сум од народот, таков ме знаете, таков сум и таков ќе бидам. Достапен за сите, отворен и човечен, зашто најважно е да се биде човек, да се пружи рака, за помош, поддршка, зашто заедно можеме многу. И ќе направиме многу!
Да ја сакаш својата општина значи да сакаш да ја видиш како најдобра верзија не само за себе туку и за другите. Да ја сакаш значи ќе работиш за да овозможиш секој поединец да го има она што му е најпотребно – работа, просперитет и среќа“, потенцираше Митовски.

Митовски вети дека ќе работи за среќата и доброто на сите негови сограѓани.

„Драги млади,
Од Вас ја добив најголемата поддршка и таа доверба никогаш нема да ја изневерам, зошто МЛАДИТЕ СЕ СРЦЕТО НА ГРАДОТ. Младите се јадро што ја креира заедницата, од младите потекнуваат енергијата, силата, новите текови и модерните струења. Ќе дадам се од себе на младите да им овозможам да ја градат својата иднина тука, во својот роден град.
Во следните четири години ќе бидам градоначалник за народот – сериозен и промислен, разумен и работлив. Достапен 365 дена, посветен на најдоброто за подобри сосотојби во градот, за да можам да го оправдам дадениот легитимитет – без поставување на личните пред јавните интереси“, истакна Митовски.

Митовски посочи дек е роден во Крива Паланка, град во кој израснал, живее и создава.

„Со генерации моето семејство живее на ова прекрасно парче земја на Североистокот. Секој сокак, секоја улица, секое место го знам како дише зошто ова е мој дом, моја иднина. Од минатото ме делат убави спомени, а во иднината влегувам со нови идеи. Крива Паланка е наша, ваша, моја, мое семејство, моите пријатели, моите соседи, роднини, другари и познаници, ова е мојот дом. Крива Паланка е нашиот дом!
Затоа сум подготвен и Ви го ветувам НАЈДОБРОТО за нашата општина од срце и душа, со чисти и позитивни мисли ќе го дадам со чесна и посветена работа за вас граѓаните.
Крива Паланка е победничка!
Крива Паланка во недела гласа за број 12!’, нагласи Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e