Митовски го прими Уверението за градоначалник на Крива Паланка

Уверението за градоначалник на Општина Крива Паланка му беше врачено денеска на Сашко Митовски, кандидат од СДСМ и коалицијата кој оствари победа во првиот круг на локалните избори на 17 октомври, со освоени 6321 гласови или 54.73 отсто од вкупниот број избирачи во општината.
1
На свеченост што се одржа во големата општинска сала во локалната самоуправа, претседателката на општинската изборна комисија Крива Паланка, Моника Костова, официјално му го врачи уверението на новоизбраниот градоначалник и му порача да работи посветено и општината да биде подобро место за живеење.
– Сакам да се заблагодарам на градоначалникот Мицевски и општинската администрација за досегашното работење. Непобитен факт е дека Крива Паланка се градеше како никогаш досега и ни претстои мене и на мојот тим ни претстои голема обврска да продолжиме по тој пат. Свесен сум за целокупниот предизвик што стои пред мене и затоа ја барам поддршката од секој еден од вас да се ставиме во функција и служба на граѓаните на Крива Паланка, да им бидеме на располагање. Нема поголема чест од таа да се служи искрено и со срце на граѓаните на Крива Паланка, рече Митовски.
Досегашниот градоначалник Мицевски симболично му го предаде клучот на градот на Митовски и порача да се продолжи темпото на работење за просперитет на општината.
3
– Благодарност до граѓаните за можноста да ја водам општината во изминатите четири години. Чест и задоволство беше да се соработува со општинскиот совет, локалните институции, општинската администрација. Работевме посветено и го поставивме реперот со бројните инфраструктурни проекти и сѐ што е сработено, домаќински, зашто во 2017 година општината ја затекнав со само 500 евра буџетска сметка, а денес имаме околу 200.000 евра на сметката на општината и тоа е резултат на чесното и домаќинско работење, рече досегашниот  Мицевски.
Градоначалникот за работа се фати уште првиот ден, и сподели на социјалната мрежа Фејзбук, како извршил посета на малиот Давид и неговата самохрана мајка, Душка, како што вели, со експресна реакција по вчерашната објава за нивниот тежок живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e