Мисајловски: Се обврзуваме за повеќе проекти во Куманово, да има обнова насекаде

Носителот на листата од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски, денеска оствари средба со граѓаните во Соколанскиот парк во Куманово.

Tој информираше дека се сретнал со повеќе граѓани во повеќе населени места во градот, меѓу нив и со младите со кои разговарале за екологијата. Мисајловски пред културните работници ја промовирал програмата со која настапуваат на изборите.

Носителот на листата Мисајловски информираше дека еден ден од акцизата ќе биде распределен за културата, за поддршка на културните работници и смета дека поддршката за културата е особено важна и посебно за Куманово, како најголема општина во државата.

Обновата, рече тој, мора дојде и во здравството, инфраструктурата, културата, но Куманово мора да биде на пиедесталот. Тој во изјавата за медиумите ја обвини и локалната и централната власт дека ништо не вложуваат во Куманово.

– Затоа ние се обврзуваме, и јас како носител на листата, но и овие луѓе позади мене кои ќе бидат нови пратеници, да помогнеме што повеќе средства да има само за Куманово, за што повеќе проекти, да има обнова насекаде. Продолжуваме уште неколку дена на средби со граѓани, со целни групи, со авангардата во Куманово и ги покануваме сите да ни дадат поддршка на 15 јули за бројот 14, бидејќи граѓаните заслужуваат повеќе, а со нашата програма ќе направиме обнова насекаде, рече Мисајловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e