Мисајловски: Со години локалната власт во Куманово ги лаже граѓаните, потребна е обнова во Куманово

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2 денеска го посети Куманово и населените места пред се ја претстави програмата на ВМРО-ДПМНЕ Проект „Обнова“ но  и да ги слушнe сите разговори што сакаат граѓаните да ги споделат.

Постојано слушам за нерешени проблеми, постојано слушам за проблеми во инфраструктурата, проблеми со лични прашања засегнати  за секој еден граѓанин во општината или некој локален функционер не сака да им помогне и да им ги реши. Постојано слушам како земјоделците се незадоволни, зошто, затоа што некои граѓани ја дале довербата на ВМРО-ДПМНЕ, а централната и локалната власт се на СДСМ. Сакам еден апел до централната или локалната власт, иако технички премиер е Оливер Спасовски, иако локалната самоуправа е на СДСМ немојте да си поигрувате со интелегенцијата на граѓаните и немојте да ги правите некои граѓани дека се граѓани од втор ред, ако имаат предмети за легализација не ги чувајте во вашите фиоки, решете ги. Ако сте ветиле нешто претходно со децении, дојдете појавете се пред овие луѓе тука каде што сум јас и објаснете им зашто тоа сте го ветиле, а не сте го направиле. Со години овој народ е лажен од локалната самоуправа. Се соочуваат со такви проблеми, а со мали зафати може да се решат, истакна Мисајловски.

Носителот на изборната единица 2 поради ваквите проблеми ги повикува граѓаните да  дадат масовна поддршка за обнова на Македонија, поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија бидејќи навистина треба многу обнова поготово во инфраструктурата тука во Куманово особено во руралниот дел.

Треба особено да се вложи повеќе средства за секое едно населено место, треба обнова на културата, на семејните вредности на традицијата и како што ми кажуваат повеќе граѓани, ни треба обнова нa идентитетот, на македонизмот и на она што сме ние. Јас се надевам дека набрзо ќе имаме една убава победа тука во Куманово многу работи ќе ги промениме, потенцираше тој.

Мисајловски во својата посета порача дека и после изборите тој ќе биде со граѓаните бидејќи овие работи кои  тие ги кажуваат се важни бидејќи тоа се реалните проблеми и политичарите треба да бидат со народот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e