Мисајловски: Ѓорче Петров е најпатриотското место, најдобрата општина во Македонија

Носителот на изборна единица 2 на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија “ Владо Мисајловски денеска беше во посета на населеното место  Даме Груев во општината  Ѓорче Петров  од каде порача дека СДСМ нема да успее да  всее страв кај граѓаните  и дека победата е и повеќе од очекувана за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“

„ Гледате сакаат да не уплашат да идеме на терен да престанеме да си ја тераме онаа задача која што си ја имаме во срцето . Никој нема да успее да ме запре . Поздравете ги во цело Ѓорче видете само колку сте тука . Тоа значи дека Ѓорче Петров и ВМРО ДПМНЕ е најпатриотското место, најдобрата општина во Македонија и нека не ми се налути некој сепак е тоа моја општина . Прекрасна е цела изборна единица два но ве замолувам да го направиме најголемиот резултат тука во Ѓорче Петров па да одекне во цела Македонија како се сака Ѓорче и како се сака Македонија.„ појасни Мисајловски.

Мисајловски како носител на изборна единица 2 кажа дека граѓаните не смеат да дозволат да дојде неспособното  СДСМ на власт и апелираше до сите граѓани да излезат да гласаат потенцирајќи на  почитување на  сите мерки и препораки за заштита.

„ Стоиме гордо исправено да се видиме со луѓето да разговараме па после да им помогнеме . Овие ништо нема да им помогнат . Ќе поминат годините  еве гледаме три години поминаа ништо не се случува , не дај Боже да добијат уште еден мандат ништо нема повторно да се случува они ќе се наполнат со нови торби ќе се заборават граѓаните. Ајде сите заедно да го смениме тоа , знам дека е тешко на дистанца се гледаме на дистанца разговараме пандемија има но да ги замолиме сите да излезат да гласаат“ потенцираше Мисајловски.

Дополнително Мисајловски порача дека ВМРО ДПМНЕ и  коалицијата „За Обнова на Македонија “ има мерки и проекти за помош на секој граѓанин и дека ниту еден граѓанин нема да биде заборавен.

„ После 15- ти да дојдеме тука и од Даме Груев да почнеме да ја славиме победата во цела изборна единица 2 и да одекне во цела Македонија дека ниту еден човек што ни помогнал ниту еден човек што ќе се приклучи и ќе ни помогне да не го заборавиме . И после 15-ти  повторно да дојдеме во овие средини да разговараме со вас„ истакна Мисајловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e