Мицкоски во Виница: Да покажеме каков е македонскиот пиреј, каков е македонскиот пркос

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Виница од каде што истакна дека Заев и коалицијата СДСМ-Беса не нудат ништо освен порази, криминал и корупција и единствено на што се подготвени е да тргуваат со националното достоинство и со честа со угледот на луѓето.

– Ја промовираат нивната парола можеле. Можат да повеќе и подобро да лажат, повеќе и подобро да крадат, можат повеќе и подобро да ја веднат кичмата, да не засрамуваат и пљачкосуваат, повеќе Луј Витон куферчиња да складираат таму во еден ресторан во југоситочна Македонија. Но, ние тоа нема да им го дозволиме. Победува обновата, изјави Мицкоски

Тој додаде дека СДСМ можеа да донесат 500 евра плата како што ветуваат, да ги донесат инвестициите кои ги ветуваа на Гугл, Фејсбук и Фолксваген или пак да ги вратат младите како ветуваа, но донесоа само хибриден режим и нови млади кои ги напуштаат своите домови негледајќи перспектива во Македонија.

– Можеа да донесат и правда, може да донесат и мир, но ни донесоа куферче Луј Витон и „трас трас“ судска пресуда, а од мир донесоа само немир за душите на семејствата на оние кои им ветуваа мир и правда, на тажните родители кои ги загубија своите чеда на Смилковско, на оние мали дечиња кои ги загубија своите татковци во Диво насеље борејќи се достоинствено за нашата држава. Можеа да донесат мир ама донесоа немир и кај семејствата на Нешковски, Мартин Јанушев и кај Кољо. Наместо да донесат правда и мир во монтирани судски случаи осудија патриоти на 15, 16, 17 години, потенцираше Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека СДСМ наместо да го слуша народт и да го праша што го тишти, што го мачи, се шетаа развозуваа со мотори низ Македонија, и уживаа на плажите кај нашиот јужен сосед и во хедонизмот со скапите пловила по егејското море,

– Можеа да ја слушнат маката на мајката од Виница која своето чедо го испратило во недојдија и чека да и се јави и да дојде еднаш годишно и да и каже добар сум, се снајдов, ама ништо не направија. Можеа да направат бесплатно здравство, а не денеска по ходниците луѓето да ги губат своите животи. Можеа многу да направат имаа три години доволно време ама ништо не направија, нагласи Мицкоски

Тој додаде дека токму затоа по 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже како може за само шест месеци за секој за кој што постои основано сомнение за криминал, дали бил дел од СДСМ, дали бил дел од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса политички определен или неопределен да ја дочека правдата пред сопствената врата.

– Јас ви ветувам правда без исклучок почитување на законите заврши времето на политичките деспоти. Нема да биде политичар привилегирана каста. Помина времето на политички мочуришта и неуспеси. Доаѓа времето кога Македонија се исправа. Доста беше чувството на граѓани од втор ред. Ќе има минимум 25 % поголема плата во еден четиригодишен мандат ќе има минимум 20 % повисоки пензии за пензионерите, минимум 1000 километри локални и регионални реконструирани патни правци, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во Проектот Обнова на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на термо енергетски фасади за граѓаните кои што половина ќе ги прати државата, бесплатен приклучок за гас за секое семејство за поздрава животна средина, но и најмалку 640 милиони евра субвенции за земјоделците во еден мандат и загарантиран откуп.

– Ќе има за секого по нешто. Реновирана болница, културен дом, училишта, еден денар во културата најмалку 800 милиони денари годишно од оние 3 денари акциза која што ги наметна оваа репресионистичка власт ќе бидат наменети за културата. 800 милиони денари за образованието 800 милиони денари годишно за спортот 2,5 милијарди денари за ова свето тројство образование наука и спорт годишно не парите во буџетот а потоа во тендерите во четири очи. Во овие 360 страници ќе наидете на многу реконструирани канали за наводнување на нашите ниви но и ќе наидете на нешто што ќе го врати нашето достоинство, изјави Мицкоски.

Тој потенцираше и дека доста беше преговарање за нас, за Македонија, за Гоце Делчев и за македонскиот јазик.

– Тие што не сакаат и почитуваат ќе не сакаат и почитуваат такви какви што сме . Луѓе кои што си го почитуваат Гоце затоа што Гоце е Македонија и за Гоце нема преговарање. Нема историски комисии, нема преговарање за Македонецот Гоце. Тие кои што ни го негираат правото за нашиот мајчин македонски јазик тие не не почитуваат. Нема ниту милиметар преговори за нашиот мајчин македонски јазик кој што се учи на 160 универзитети во светот, истакна Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во економијата ќе има рамен данок од 8 % најнизок во Европа за сите оние кои што ќе вработат млад човек до 29 години нема данок, но и инвестиции 0 данок , реиндустијализација , лекција по тоа како се носат инвестиции и подобро здравство во кое ќе се вложува во медицинските лица и здравство ориентирано кон пациентот.

Мицкоски за крај ги повика виничани на 15 јули да излезат масовно и да ја поддржат листата на ВМРО-ДПМНЕ која во нивната единица ја предводи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

– Да покажеме каков е македонскиот пиреј каков е македонскиот пркос одлучност и храброст. Да ја донесеме историската победа да го заокружиме бројот 14 за победничката листа. Да постигнеме историски рекорд во верниот исток овде во Виница историска рекордна победа. Да победиме за Македонија за нашите предци за нашите, дедовци, баби и родители но и за нашите наследници синови ќерки, внуци и внуки. Да победиме за Македонија, истакна Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e