Малолетник повреден, откако врз него паднала метална врата на игралиште

Во Полициската станица Аеродром, вчера во 19:00 часот Р. Ж. (65) од Скопје пријавила дека на 28.06.2022 околу 20:30 часот на фудбалското игралиште на улица „Бојмија“ на нејзиниот малолетен внук паднала метална врата.
Малолетникот бил пренесен на Детска хирургија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e