Лукаревска во посета на компанијата Квенбергер Логистик во Штип

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска денеска ја посети компанијата за транспорт и шпедиција Квенбергер Логистик во Штип, во рамки на посетите на компании корисници на мерките за финансиска поддршка за исплата на плати.

Со тимот на оваа компанија, како што информираат од УЈП, Лукаревска разговараше за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во време на пандемијата предизвикана од КОВИД-19 и како мерката за финансиска поддршка за исплата на плата овозможува зачувување на работните места и полесно справување со последиците од коронавирусот.

Од УЈП порачуваат дека се во постојана комуникација со даночните обврзници, со цел со заеднички идеи и предлози да работат во насока на ублажување на состојбата во која се најдоа компаниите поради корона кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e