Крушево се подготвува да го одбележи роденденот на Тоше

Крушево се подготвува да одбележи уште еден роденден на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. На 25 јануари се навршуваат 39 години од неговото раѓање.

Роденденот на Тоше Проески ќе биде одбележан со пригодна програма во спомен-куќата „Тодор Проески“ на 25 јануари напладне.

Во спомен-куќата ќе се одржат и неколку ликовни изложби, а во официјалната програма ќе настапат „Уникат бенд“ и Сара Ристеска, придружена од Габриела Аврамоска. Свои точки во спомен на Тоше ќе имаат и учениците од средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче“ и од ОУ „Никола Карев“.

На неговото вечно почивалиште на Гумење ќе му биде оддадена почит на Тоше. И овојпат обожавателите ќе го посетат неговото гробно место. Тоше го загуби животот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Годинава се очекува да напредуваат работите со изградбата на вечното почивалиште на Тоше.

И овој 25 јануари ќе биде во знакот на многупати повторуваната реченица: „Тоше има само ден на раѓање“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e