Кривопаланчани за 5 месеци ќе добијат нов парк и плоштад во центарот на градот

-Раководењето со Општината, не претставува пронаоѓање пат кон успехот, туку градење пат кој води кон позитивни промени, европски дух и развој, силна верба и визија за подобар живот, пат кон современа и модерна Крива Паланка, пораа денес првиот човек на општина Крива Паланка Борјачно Мицевски на стартот на проектот за изградба на нов парк и плоштад во центарот на градот.
Проектот е во висина од околу 41 милиони денари, средства обезбедени од ЕУ, администрирани од Светска Банка, преку проектот за локална и регионална конкурентност, а рокот на изградба е 5 месеци.

park

Како локална самоуправа и како Влада, во изминативе две ипол до три години покажавме и докажавме како е да се работи посветено и во интерес на својот народ, порача Мицевски изразувајќи благодарност до Владата за поддршката.
-Со сите проекти во локалната инфраструктура, патното поврзување со Куманово, Скопје, со соседна Бугарија, проектите во руралните средни, канализационите и водоводните системи, детската и социјалната заштита – сето тоа се проекти кои не и се случиле на Крива Паланка во изминативе 30-40 години, рече градоначалникот на општината.
Наедно, тој упати порака до своите сограѓани дека доколку сакаат да го искористат бенефитот со кој располага општината неопходна е конзистентност, со цел, како што рече да се завршат сите започнати проекти и Крива Паланка која важеше за еден од најнеразвиентите региони да стане ударна точка на Коридорот 8.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e