Кривична пријава за двајца полицајци кои тепале затвореник во струмичкиот затвор

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против П.П.(31) од село Василево и А.М.(25) од Струмица, двајцата полициски службеници, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, казниво по член 143 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од струмичката полиција.

Како што стои во соопштението, двајцата полицајци вчера околу 09:45 часот имале наредба да достават пресуда на осуденикот Ј.А., кој издржува казна во Затворот во Струмица. Откако затвореникот почнал непристојно да се однесува кон нив, тие физички го нападнале во присуство на вработени во затворот и постапиле несовесно за време на вршењето на службата.

По пријавувањето на настанот полициски службеници од СВР Струмица во содејство со полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола презеле мерки за целосно расчистување на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e