Кривична пријава против екс-директорка на детска градинка во Македонска Каменица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Ј.(52) од Македонска Каменица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.

-Од 01.01.2017 до 31.12.2017 во Македонска Каменица пријавената, како директор на детска градинка, без да спроведе постапка за прибирање понуди и спротивно на чл.28 и чл.100 од Законот за јавни набавки, во повеќе наврати без одлука и спроведена транспарентна постапка, извршила набавка на стоки и услуги во вредност од над 500 евра во денарска противвредност, и тоа од повеќе правни лица во вкупна вредност од 271.649 денари, а во еден случај извршила делење на истородна услуга – превоз на деца, со што постапила спротивно на чл.27 ст.1 од Законот за јавни набавки и извршила набавка на услуга во износ од 35.047 денари- стои во дневниот билтен на МВР.

Прочитајте и… Владата ќе расправа за новите мерки, а Собранието за законски измени за справување со коронавирусот
Со ова пријавената, без да спроведе тендерски постапки извршила набавка на разни стоки и услуги во вкупна вредност од 306.696 денари, со што повластила одредени правни лица да се стекнат со корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e