Крива Паланка се подготвува за одбележувањето на Водици

Крива Паланка се подготвува за одбележувањето на големиот христијански празник Водици.
На 19. јануари, следната среда, од 08.00 до 11:00 часот во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската православна црква, Кумановско-осоговска епархија, ќе се одбeлежи големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Прославата започнува со свечена литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ од 08:00 часот, по што следува чинот на фрлањето на благословениот крст во водите на Крива Река.
-Како и години наназад, фрлањето на светиот крст ќе се случува во 10:00 часот, од т.н „Шанин мост“, што води кон населбата „Бавчалк“. Општина Крива Паланка ги повикува граѓаните да дојдат на местотото на настанот и заеднички во духот на традицијата да го прославиме овој убав ден, велат од локалната самоуправа на Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e