Крива Паланка и Лесковац потпишаа договор за развивање на туризмот

Денес градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски и неговиот колега д-р Горан Цветковиќ, градоначалник на Град Лесковац, Република Србија, потпишаа договор за развивање соработка и воспоставување долготрајни релации меѓу локалните заедници во областа на туризмот.
Крива Паланка и Лесковац имаат многу потенцијали во оваа област идеални за спортско-рекреативен туризам, гастрономски, културен, верски и манифестациски туризам.
Митовски истакна дека им стои на располагање заедно со општинските тимови и граѓанскиот сектор да се направат нови иницијативи и линкот кој го имаме да го зацврстиме со проширување на областите на соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e