Крива Паланка ќе добие две катни гаражи – еве на кои локации

Крива Паланка ќе добие две монтажни катни гаражи за конечно решавање на проблемот со недостиг од паркинг места во градот, информираат од локалната самоуправа.
Советот на општина ја усвои одлуката за задолжување на Општина Крива Паланка, на иницијатива на градоначалникот Сашко Митовски, за реализиација на проектот: проектирање, изградба и поставување две монтажни челични конструкции за катни гаражи со вкупна вредност од 40.000.000 денари.
Со проектот е предвидено поставување катни гаражи на следните локации: кај градската автобуска станица и кај градски зелен пазар.
Со овој проект ќе се овозможи имлементација на зонско паркирање кое заедно со реконструкција и проширување на централната градска улица ќе значи: трајно решавање на проблемот со паркирањето на јавните површини во градот, ставање крај на долгогодишниот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, велат од општина Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e