„Крива Паланка – Град на културата 2024“ – Најавени бројни културни настани во градот

Голем број културни настани се предвидени да се реализираат во месец април во рамките на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.

Промоции на книги, креативни работилници, концерти, изложби и други интересни настани содржи културната понуда за овој месец.

На 1 април веќе се организираше маскенбалот „Првоаприлска шега 2024“ на која учествуваа околу 800 учесници од ОЈУДГ Детелинка и основните училишта „Св. Јоаким Крчовски“ и „Илинден“.

На 3 април, во НУ Центар за култура Крива Паланка, е реализирана работилницата „Пробуди ја креативноста“, под менторство на Оливера Станковска, животен тренер и практичар по креативност и уметничка терапија.

На 4 април, пак, публиката се препушти на смеата и хуморот со стенд ап комедија „НЕ СЕ КУРЧИ“ , со актерката Надица Петрова,која се одржа, исто така, во НУЦК Крива Паланка.

И во следниот период од април најголем дел од настаните ќе се реализираат во НУ Центар за култура Крива Паланка и тоа:

08.04.2024, 20,00 ч – „ПОД СОНЦЕТО“, концерт на Бајса Арифовска (кавал, виолина, кларинет) и пријателите (Дамир Имери – клавијатури, Ратко Даутовски – перкусии , Душко Георгиевски-вокал)

14.04.2024, 12,00 ч. – Промоција на книгата „МОЈОТ СОН“ од д-р Џемиле Берат

17.04.2024, 12,00 ч. – Изложба на карикатури „ IN VINICA VERITAS“ од Виница

18.04.2024, 12,30 ч. – Промоција на книги „ПАЛАНЕЧКИ ДРАМИ“ од Страхил Алексиќ

19.04.2024, 11,30 ч. – Работилница „ЧИТАЈ И ИЛУСТРИРАЈ“ со нас. Габриела Стојановска

20.04.2024, 16,00 ч. – Работилница „ЧИТАЈ И ИЛУСТРИРАЈ“ со ликовниот уметник Лазо Ѓорѓиевски

26.04.2024, 20,00 ч. – КРИВОПАЛАНЕЧКИ СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ – промоција на книга и концерт

На 12 април, во 20,00 часот, во ЛУ Градски музеј Крива Паланка , пак, постхумно ќе биде отворена ретроспективна изложба на ликовниот уметник Лазо Крстевски.

Ве покануваме да бидете дел од културните манифестации и настани во април- вториот месец од реализација на манифестацијата „ Крива Паланка-Град на културата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e