Крива Паланка е втора „Најеколошка општина во државата за 2023″

Висока, втора награда за Крива Паланка на конкурсот “Најеколошка општина во државата за 2023”, на кој прворангирана е Општина Берово.
-Заложбите за чиста и зелена општина се препознаени, даваат резултати и носат позитивен имиџ на градот. Наградата е заслуга на сите што со секојдневната работа придонесуваат нашиот град да биде позициониран високо на листата на најчисти градови во земјава, порачаа од општина Крива Паланка.
Организаторите на конкурсот “Пакомак” и “Балкан ЕКО институт” ја наградија општината со сет реквизити за најмладите жители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e