Кратовчанка со лажни 500 евра се коцкала во скопско казино

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.Ф.(24) од Кратово, со привремено живеалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”, казниво по член 268 од Кривичниот законик.

Пријавената М.Ф.(24) набавила две фалсификувани банкноти во апоени од 500 евра и на 26.11.2020 во казино во Скопје ги пуштила во оптек, односно ги разменила за денари и на тој начин го сторила кривичното дело, стекнувајќи се со противправна имотна корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e