До крајот на месецов аудиција за детскиот фестивал „Распеано симитче 2020“ – Крива Паланка

Организаторите на детскиот фестивал „Распеано симитче 2020“ ги повикуваат дечињата на возраст од осум до четиринаесет години да се пријавуваат за аудиција. Од Центарот за аудиовизуелни уметности „Каартс“ Крива Паланка информираат дека аудициите ќе траат до 31 октомври, а ќе се одвиваат по електронски пат, согласно мерките за превенција од Ковид-19.

– Сите заинтересирани дечиња,момчиња и девојчиња, на возраст од 8 до 14 години, треба да снимаат нивна вокална изведба на омилена песничка, по сопствен избор и да испратат видео. Видеото треба да се испрати во приватна порака на фејсбук-страницата на „Распеано симитче“, најдоцна до 31 месецов, изјави Методи Цветковски, директор на фестивалот.

Годинава во поинакви услови ќе се реализира шестото издание на фестивалот на детска песна „Распеано симтче” поради пандемијата со Ковид-19, кој е во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности, под покровителство на Општина Крива Паланка и Министерство за култура на Северна Македонија.

Фестивалот на детска песна „Распеано симитче” ќе продуцира 10 песни, како видео-продукциски материјал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e