Костадинов и Парталов на терен ја следат состојбата и помагаат во гаснењето на пожарот над Баница

Вршителот на должноста градоначалник Костадин Костадинов и секретарот на општина Струмица Кирил Парталов кој е и командант на општинскиот штаб за заштита и спасување, во моментот се меѓу жителите на населеното место Баница и заедно со противпожарните екипи работат на локализирање на пожарот кој што избувна над селото Баница. Според последните информации, пожарот зафатил поголема површина и се уште не е ставен под контрола, а сите противпожарни возила во моментов се наоѓаат пред селото за да го спречат неговото ширењето до куќите.

Командантот на општинскиот штаб за заштита и спасување, Кирил Парталов, информираше дека се во постојана координација со сите надлежни органи и со сите расположливи ресурси се прават напори пожарот да се стави под контрола, односно, да се спречи неговото ширење кон селото Баница.

19990371_1350405478346212_949376307668561860_n

19959198_1350405468346213_8937955687534705814_n
19958999_1350405481679545_8632412540791608664_n
19958924_1350405375012889_6414413603262076407_n
19894711_1350405378346222_6542697748505645154_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e