Кошаркарските шампионки од Крива Паланка на прием кај градоначалникот Митовски

Златни медали ги красат кошаркарките од Крива Паланка откако јуниорскиот состав ја обезбеди шампионската титула во возрасната категорија до 18 години.
Избраничките на Ведран Белешковски беа подобри од јуниорките на Баскет КАМ 2011.
Денеска прием за тимот беше организиран од страна на градоначалникот на градот Сашко Митовски.

-Успех кој ја прави горд цела КК Крива Паланка, шампионките во јуниорската државна лига КК Крива Паланка, денес заедно со нашиот кошаркарски бисер,Андреј Јакимовски мои гости.
Мојата поддршка како и досега и во иднина ќе биде насочена кон овие златни млади луѓе и целиот стручен тим, зашто се мотив и поттик за уште поголеми нови вложувања во спортот, посочи Митовски.
– Амбасадори на градот, гордост на семејствата и клубот, вредни личности со храбро срце:
– Вашите успеси се историја. Испишувате нови позлатени страници во спортската историја на градот и државата! Продолжете со победите и успесите, општината и јас сме секогаш тука за вас! – им порача првиот човек на градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e