Коцев: Поголемите бројки се последица од непрофесионалното и намерно неефикасното работење на Чулев

Д-р Диме Коцев, директор на ЈЗУ Кавадарци и член на СДСМ Кавадарци, на денешната пресконференција истакна дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев свесно го загрозил јавното здравје и придонел за денешните бројки на новозаболените од Ковид – 19.

Сите овие поголеми бројки на кои сме сведоци деновиве, се директна последица на неколку фактори, порача Коцев.

-Првенствено, но и најмногу од непрофесионалното и намерно неефикасното работење во спроведување на мерките од страна на министерот за внатрешни работи.
Прекршувањата на забраните за собири и движења и бројните прекршувања на полицискиот час за кои беше сведок целата јавност, беа игнорирани од страна на Чулев. Со тоа истиот свесно го загрози јавното здравје и активно придонесе денес да имаме вакви бројки.

Како второ, сосгласно известувањето од Министерството за здравство, тековните тестирања се таргетирани во познати кластери и затоа бројките се поголеми.
Тоа значи дека се тестира во точно утврдени фамилии и населби и дека здравствениот систем добро знае што прави, порача Коцев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e