Јакимовска: Нов лик на детската градинка “Детелинка“ во Крива Паланка, зголемен капацитет за сместување, зголемени плати за вработените

Граѓаните на Крива Паланка може да посведочат на комплетно нов лик на трите објекти на детската градинка „Детелинка“. Објектите за згрижување, освен што ги прошируваат своите капацитете за прием на нови деца , ги подобруваат и условите за престој и работа. Имено старите прозорци по 4 децении се заменети со нови ПВЦ, извршена е обнова на надворешната фасада, се лакираат металните огради во дворот, се уредува надворешниот простор за игра на најмалите.

-Сменета е кровна конструкција, опремени и реконструирани се два тоалета и две нови занимални, поставена е енергетско ефикасна фасада и систем за затоплување на пелети. Наскоро ќе почне да се гради нов кат на градинката во центарот на градот со средтсва од Светска Банка во износ од 23 милиони денари со што се овозможува дополнителен капацитет од 80-100 деца, рече на прес-конференција директорката на градинката Јакимовска.

Исто така во изминатиот период градинката набави и ново моторно возило за транспорт на храна до другите два објекта.

Кадарот кој работи на згрижување и воспитно-образовен процес е зголемен и обучен, вели директорката, а дополнителен мотив за нивна поуспешна работа е зголемената плата од 27%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e