Изгоре „ауди“ на паркинг во Скопје

Во 02 часот по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на ул.„Ресенска“ настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „ауди А8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Р.(35) од Скопје.

Во пожарот целосно бил опожарен предниот дел на возилото, а пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје.

Увид ќе се врши во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e