Игуменот Јоаким Крчовски вброен во светите – Николовски и Митовски присуствуваа на чинот

На иницијатива на Кумановско-Осоговската епархија денеска во кривопаланечкиот манастирски комплекс „Св.Јоаким Осоговски“ се изврши канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител.

Со канонизацијата, Свети праведен Јоаким Крчовски, учител и просветител се вбројува во диптихот на светите.
На церемонијата утрово присуствуваа и министерот за земјоделство, Љупчо Николовки кој потекнува од Крива Паланка, како и првиот човек на општината, градоначалникот Сашко Митовски.

-Неделен утрински мир во манастирот “Свети Јоаким Осоговски” во мојата Крива Паланка. Присуствував на Света божествена литургија и прославување на новоканонизираниот угодник, Божји игумен Јоаким Крчовски, соопшти Николовски на својот официјален фејсбук профил.
-Радосен ден и ден на кој се гордееме сите кривопаланчани, извршена канонизација и прогласен за светител преподобниот игумен, Јоаким Крчовски, рече градоначалникот Митовски.

Тој рече дека веќе на утрешната седница на Советот на Општина Крива Паланка е предлог- одлуката за прогласување за неработен ден 23 мај, денот кога Македонската Православна црква ќе го слави овој светец.
Истовремено, ќе се донесе одлука за преименување на основното општинско училиште Јоаким Крчовски, во св.Јоаким Крчовски.
Се радуваме на овој светол ден што добивме уште еден светител, заштитник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e