Игор Митковски го фати Богојавленскиот Крст во Крива Паланка

Игор Митковски е среќникот што годинава го извлече крстот од водите на Крива Река во Крива Паланка.
Честитки до него и до сите верници по повод денешниот празник упати првиот човек на Крива Паланка, Сашко Митовски.
-Денес го празнуваме големиот христијански празник, Богојавление-Водици, празник на крштевањето и духовно раѓање, почеток на човековото живеење во верата. Нека е вековит празникот и здравје и добра мисла да ги следи сите, порача Митовски кој од името на општина Крива Паланка на Митовски му врачија пригодни подароци.
Прославата започна со свечена литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ од 08:00 часот, по што следуваше чинот на положување на благословениот крст во водите на Крива Река.
Чествувањето е во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската православна црква, Кумановско-осоговска епархија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e