Граѓаните на Крива Паланка ќе може да учествуваат во креирањето на Буџетот за 2020-та година

Во рамки на проектот „Мои пари, моја одговорност – партиципативно буџетирање на општините“, на 18-ти месецов , ќе биде презентиран Предлог буџетот на Општина Крива Паланка за 2020 година.

Настанот ќе се одржи во Големата сала со почеток во 11 часот, а граѓаните ќе имаат можност да дадат предлози и  активно да се вклучат во процесот на донесување на буџетот.

На настанот ќе дебатира и градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e