Градоначалникот Митовски со честитка до матурантите од СОУ „Ѓорче Петров“

Во прекрасна атмосфера денес градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски се дружеше со матурантите по повод завршувањето на средното образование, посакувајќи им да продолжат смело да чекорат кон иднината што ќе се темели на целокупното знаење, поуки и искуства научени изминатите 4 години од професорите од СОУ”Ѓорче Петров”.
Оваа генерација ќе сведочи за и периодот на онлајн настава воведена поради Ковид-19 пандемијата, искуство кое не научи да бидеме посилни, поупорни и поистрајни во секојдневната борба за подобро утре.
Од училиштето со 60- годишна историја потекнуваат бројни успешни луѓе, носители на важни јавни и општествени, високи функции и во таа насока, им посака многу успех на сите матуранти, правилен избор на професијата и силна мотивација да се посветат на она што им претстои.
-Драги матуранти!Посакувам да бидете прваци во трката со животот, да бидете секогаш победници во натпреварот со самите себе-да бидете подобри со секој нов ден. Некои од вас ќе бидат лекари, други правници или економисти, трети ќе работат во администрацијата или ќе бидат инженери, програмери, пекари, заболекари … но најважно од сѐ е да бидете и секогаш да останете добри луѓе.
Среќна матура!- им порача градоначалникот Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e