Го лажела дека е бремена од него: Маж измамен од тетовка за 18 000 евра

38-годишен маж од Косово пријавил во полиција во Тетово дека бил измамен од жена со иницијали Е.Р., која го довела во заблуда дека е бремена со негово дете.

Тој во неколку наврати ѝ префрлил вкупно 18.000 евра, по што, по неговото враќање од странство, таа му соопштила дека детето не е негово и ја прекинала комуникацијата.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e