Ѓорѓиев: Владата позитивно одговори на барањето на Општина Кавадарци за изградба на затворен пазар

Прес конференција 
Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО СДСМ Кавадарци
Кавадарци, 19.07.2017

 

Почитувани сограѓани,

Уште во првите два месеца од мандатот, граѓаните на Кавадарци ги чувствуваат придобивките од работата на новата реформска влада предводена од СДСМ и реализацијата на дел од ветувањата кои беа зацртани во програмата План за Живот во Македонија.

На вчерашната седница, Владата на Република Македонија позитивно одговори на барањето на Општина Кавадарци и донесе одлука за отстапување државно земјиште на општината за изградба на затворен пазар. Со оваа одлука се решава еден децениски проблем на локалната заедница и на граѓаните на Кавадарци. Истовремено, оваа одлука позитивно ќе влијае на екомомскиот и социјален развој на Кавадарци и на целиот регион.

Ова е само една од низата мерки и проекти кои се однесуваат на нашиот град и нашите сограѓани. СДСМ продолжува да работи во интерес на сите граѓани. Следуваат и други мерки и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e