Утрово во 1:30 часот во ПС Гевгелија, С.Д. пријавил дека пред дискотека физички бил нападнат од обезбедувањето од агенција за обезбедување, а во 3:30 часот Р.М. (36), сопственик на агенција за обезбедување, пријавил дека С.Д. и А.Д. ги искршиле сите стакла од објектот во кој е сместена агенцијата на улица „Маршал Тито“ и стаклата на автомобил марка „Пежо-206“ – сопственост на агенцијата.
Во 4:30 часот Р.М. повторно пријавил дека пред дискотеката физички биле нападнати неговите вработени од страна на М.Д., неговиот брат С.Д. и А.Д.. Во 5:30 часот Р.М. пријавил дека, додека се движел со неговото возило „Цитроен Ц4“ со гевгелиски регистарски ознаки, бил попречуван во движењето од автомобилот „Форд Мондео“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Д., во кое како сопатници биле С.Д. и А.Д..
Истите преку прозорците му се заканувале со секира и нож, а во еден момент со возилото удриле во левата страна од неговото возило, по што избегале. СВР Гевгелија презема мерки за обезбедување на инволвираните во пријавените настани. По целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.