(ФОТО) Младата Клаудија Стоевска за својот роденден организираше хуманитана акција за сограѓаните

Младата кривопаланчанка Клаудија Стоевска е уште еден доказ дека хуманоста се покажува на дело, кога тоа силно се сака. Денес, слави роденден, но наместо да прима подароци, реши прославата да ја земени со хуманитарна акција и да биде таа кога ќе подарува.

6

Роденденската еуфорија ја земени со теренски активности каде на неколкумина свои сограѓани, на кои им е неопходна помош, им подари подароци. За целосен ефект подароците се спакувани во украсна хартија и имаат панделки, а од споделените фотографии може да се види дека примателите на подароци се навистина среќни од хуманиот гест и исполнетите желби.

33

„Се што сакав е да си го направам да ми биде вистински среќен. И не знаев поинаков начин освен да направам ЈАС некој СРЕЌЕН. Денес НЕ ПРИМАМ подароци. Денес ЈАС ПОДАРУВАМ. Затоа во чест на мојот роденден направив една мала хуманитарна акција, во која донирав подароци, кои за некој навистина се неопходни, на некој кому му требаа многу повеќе од мене. И морам да Ви кажам дека срцето ми е полно, преполно! Го имам најубавиот роденден до сега и си стекнав супер нови пријатели!“ – порача младата кривопаланчанка.

44

Стоевска ја искористи приликата да ги повика сите хумани граѓани да го следат нејзиниот пример.

„Со ова сакам да ги повикам сите хумани луѓе со големи срца да направат ваков чекор и да го донираат својот роденден. Предизвиците нека бидат гласниот ек на хуманоста! Ние го имаме светот, светот не’ има нас. Ајде да го направиме најдоброто место за живеење“ – порача таа.

5

Целата приказна за хуманитарната мисија на оваа млада кривопаланчанка читајте ја утре на нашиот портал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e