Филипче: Болницата во Кавадарци пример за одговорно работење

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил напиша дека болницата во Кавадарци е пример за одговорно работење и оти во изминатите три години комплетно е сменета сликата на оваа установа. Посочи дека во болницата е спремно одделение доколку е потребно да третира пациенти заболени од Ковид-19.

– Набавена е нова опрема, зголемени се платите на сите здравствени работници и значително е подобрена инфаструктурата. Целосно е реновирано педијатриското одделение, зголемен е бројот на лекари специјалисти, од темел реновиран запуштен дел од болницата и пренаменет во идно интернистичко одделение за жени, најсовремена медицинска опрема и спремно одделение доколку е потребно да третира пациенти заболени од Ковид-19, напиша Филипче на ФБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e