Едно лице изгоре во пожар во кочанското село Грдовци

Во кочанското село Грдовци, утринава околу 6 часот избувнал пожар во семејна куќа, при што 46-годишниот сопственик изгорел, а неговата мајка по здобиени повреди од вдишување чад е пренесена во Општата болница во Кочани.

Територијалната противпожарна единица од Кочани реагирала веднаш по што пожарот е локализиран и спречено е проширување на огнот врз целиот објект, а како што изјавил за МИА командирот, Благој Паунов, првичната истрага укажува дека причина за пожарот е неизгасната цигара.

-Околу шест часот утрово добивме повик за интервенција во станбен објект во Грдовци, при што затекнавме пламен во две простории. За жал, едно машко лице на 46-годишна возраст беше изгорено, а неговата мајка, која вдишала штетни гасови од чадот, е префрлена во кочанската болница. Интервениравме со три возила и пет пожарникари, при што спречивме пламенот да ги зафати и соседните простории со придружните објекти во близина. Првичните наоди водат кон претпоставка дека пожарот е предизвикан од неизгасена цигара што починатото лице ја имало додека лежело во креветот, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица – Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e