Еден работник загина, друг повреден во фабрика во Куманово

На 24.09.2020 во СВР Куманово било пријавено дека околу 09.00 часот, во фабрика во Куманово, за време на извршување на работни задачи биле повредени Ч.С.(57) и Р.И.(27), и двајцата од Куманово.

Ч.С. од здобиените повреди починал, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош Куманово. Р.И.(27) бил пренесен во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e