И двајцата биле пијани – Возач прегази пешак во Охрид

Вчера во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот З.Ј. од село Горно Лакочереј, охридско, удрило во пешакот 55-годишниот А.Н. од село Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Охрид, возачот З.Ј. е пронајден и по наредба на јавен обвинител е лишен од слобода и возилото е одземено, а при извршени проверки било констатирано дека З.Ј. е под дејство на алкохол, односно има 2,78 промили алкохол во крвта.

И кај А.Н. е утврдено дека има 1,34 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодв

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e