Дваесет крвни единици собрани во крводарителска акција во Кавадарци

Дваесет крвни единици беа собрани во денешната крводарителска акција во Кавадарци, која се одржа во просториите на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”, реализирана од кавадаречкиот Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

-Годишниот план за крводарувања ни е 1184 крвни единици. За  шест месеци имавме  1040, а сега 1100 крводарувања. Крводарителите од Кавадарци се големи хуманисти, а кавадаречка и росоманска општина се меѓу најхуманите во државата. Минатата  2019 година ја завршивме со 2100 крводарувања, рече Димитар Каракулев, претседател на Црвен крст Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e