Дурловски: ВМРО-ДПМЕ ќе се залага за поголем број на инвестициски проекти за да се развие Дебар

Игор Дурловски, носител на ИЕ 5 денеска при своето обраќање пред граѓаните во Дебар посочи дека овие избори се шанса која не смее да се пропушти и дека  овие избори се референдум дали ќе имаме држава или не, дали сме за Македонија или сме против неа.

-Во изминативе три години имавме бројни неисполнети ветувања, разочарувања, лаги. Ни го погазија националното достоинство, не обезличија, ни го избришаа самобитното. Станавме заложници на една група лакоми политичари кои за сопствен интерес продадоа се, дури и сопственото име. Три години беа доволни да се види нивното неумење во економијата, во здравството, во образованието, во владеењето на право. Потфрлија буквално во се, ја донесоа Македонија до дното и без срам продолжуваат да го прават истото. Овие луѓе немаат образ. Затоа е време сите заедно да им кажеме доста е, вашето време заврши. Македонија има луѓе кои знаат да ја водат, луѓе кои посветено и чесно ќе работат за доброто на својот народ, истакна Дурловски.

Дурловски укажа дека мора преку инвестициски проекти да се развие Дебар, да се охрабрат повратниците од странство кои имаат желба да инвестираат тука, да се развие бајнскиот туризам со модернизирање и проширување на постојните капацитети, но и да ги искористат потенцијалите на природата кои се единствени околу Дебар и Дебарското Езеро.

-Нашата цел ќе биде да го сочуваме и промовираме културното и историското наследство по кое Дебар е препознатлив во историјата, да го сочуваме споменот и делата на познати дебарски зографи, копаничари, градители. Време е Дебар да добие музеј, музеј на преродбата. Музеј на Дичо Зограф и прославената дебарска школа, ова е проект од Обновата на Македонија кој уверен сум дека ќе го поттикне локалниот културен и туристички развој на Дебар. Јас чувствувам сериозна одговорност, ја знам тежината на секој изговорен збор, на секое ветување. Секој предложен проект кој треба да се реализира, потенцираше тој.

Дурловски од Дебар додаде дека обновата на Македонија е одговор на народот и затоа ја бара  поддршка на 15 јули за  да се  направи пресвртница.

-Не чека работа, Македонија мора да се обнови. Исправени и горди, сплотени и единствени за историска победа, победа на Македонија, порача Дурловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e